јуни 11, 2026

17 Март – Ден на крводарителството и Ден на формирањето на Црвениот крст

По повод 17 март – Денот на крводарителството и Денот на формирањето на Црвениот крст, Општинската организација на Црвен крст Неготино изразува искрена благодарност и длабока почит до сите крводарители кои со својата хуманост, солидарност и несебичност спасуваат животи.

Крводарителството претставува еден од највисоките облици на хуманост и општествена одговорност. Со секоја дарувана единица крв се дава нова надеж и шанса за живот на оние на кои им е најпотребна.

По повод овој значаен ден, во Општина Неготино и Општина Демир Капија беше организиран прием за повеќекратните крводарители, како знак на благодарност и признание за нивната хуманост и континуирана поддршка во крводарителството.

Воедно, упатуваме искрена благодарност до градоначалничките на Општина Неготино и Општина Демир Капија за нивната поддршка и за успешната соработка со Општинската организација на Црвен крст Неготино.

Уверени сме дека оваа добра соработка ќе продолжи и во иднина, со заедничка цел – развој на хуманоста, солидарноста и доброволното крводарителство во нашата заедница.

Дарувај крв – спаси живот!

< врати се назад