
Малите хумани срца во посета на Црвениот крст
Денеска во просториите на Црвен крст на РСМ– Општинска организација Неготино се слушна милиот глас на најмалите.
Децата од завршната група од објект Темјанушка, заедно со тета Јана и тете Цеце, ја посетија нашата организација. Со голема возбуда и љубопитност, тие се запознаа со просториите, вработените и начинот на функционирање на организацијата.
Оваа посета беше прекрасно и поучно искуство за децата, а голема чест за нас. Тие ја покажаа својата хуманост донирајќи свои работи за оние на кои им се потребни, се запознаа и со поимот Прва помош , како и со значењето на Црвениот крст како организација.
Децата се вратија во градинката исполнети со нови знаења, впечатоци и насмевки. Ваквите активности придонесуваат за проширување на нивните хоризонти и поттикнување на нивната љубопитност, а за нас претставуваат огромна чест да бидеме дел од нивното правилно насочување и воспитување во духот на хуманоста.

















































