
јуни 12, 2026
Младите од Црвен крст Неготино во посета на најмладите во градинка
Со многу љубов и насмевки, младите од Црвен крст Неготино денес беа во посета на најмладите во градинката.
Во пресрет на 1 Март – денот на мартинките, тие им поделија на дечињата симболични мартинки, како знак на здравје, радост и среќа. Малите рачиња со возбуда ги прифатија црвено-белите кончиња, а детските насмевки беа најголемата награда за оваа прекрасна дружба.
Овие мали, но значајни гестови нè потсетуваат колку е важно да подаруваме внимание, топлина и хуманост.














































