септември 24, 2026

Недела на борба против туберколоза

На 21 септември 2026 година (понеделник), во просториите на општинската организација се одржа едукативно предавање на тема туберкулоза. На настанот присуствуваа 14 лица, ангажирани како негуватели во рамки на ООЦК – Неготино.

Во текот на едночасовното предавање се дискутираше за:

  • што претставува туберкулозата,
  • нејзините симптоми (треска, кашлица, ноќно потење, губење на тежина),
  • начини на превенција,
  • достапни методи за лекување
< врати се назад