октомври 21, 2026

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛА НА МЛАДИ

Можеме само да ви кажеме дека да си млад е едно од најубавите чувства. На 04.10.2026, во рамки на Неделата на младите, го исполнивме градскиот плоштад со она што најмногу ја краси младоста – музика, смеа, бои, игри, дружење и многу позитивна енергија.🎉🪄Младите, најмалите, нашите волонтери и сите посетители заедно создадоа едно убаво попладне исполнето со моменти што вреди да се паметат.

Од секое наше катче се слушаше смеа, се создаваше нешто ново, се играше и се запознаваше Црвениот крст на еден поинаков, весел начин.

Можеби токму ваквите едноставни моменти се оние што најмногу остануваат – една песна, една игра, ново познанство, искрена насмевка…

< врати се назад