
Оддржан општински натпревар по Прва помош во Неготино
На ден 29.04.2026 година (среда), во организација на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Неготино се оддржа општинскиот натпревар по прва помош за основните и средното училиште од општина Неготино и Демир Капија. На натпреварот учество зедоа екипи од основните училишта Страшо Пинџур и Гоце Делчев од Општина Неготино и ученици од основното училиште Димче Ангелов Габерот од Демир Капија. Цел на младите учесници беше истакнување на своите вештини во справувањето со несакани ситуации со пружање на неопходна прва помош на лице место. Натпреварот се оддржа во отворениот простор на спортската сала Младост во Неготино и со тоа тие имаа можност да го применат своето знаење на навистина секојдневен и реалистичен начин. Првото место од основните училишта го освои една од екипите од ООУ „Страшо Пинџур“ од Неготино, додека пак учениците од СОУ „Св. Кирил и Методиј“ се пласираа за учество на регионален натпревар
















































