
ПХВ Волонтерите во акција – Младоста што менува!
34 нови волонтери, дел од младите на Црвен крст на РСМ– Општинска организација Неготино, после завршени три обуки во рамки на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА – ПХВ) 2026, подготвени се да започнат со реализирање на значајни проекти во заедницата.
Под менторство на дисеминаторот Трајче Бинов, групите активно работат на осмислување и спроведување на повеќе креативни и хумани иницијативи.
Новите ЦКА – ПХВ волонтери директно се запознаваат со предизвиците со кои се соочува ранливото население, но и се охрабруваат да преземат иницијатива, да развијат емпатија, тимска работа и лидерски вештини – и да направат вистинска разлика!
Овие млади луѓе не се само иднината – тие се сегашноста која гради похумано општество. Горди сме на нивната енергија, ентузијазам и желба за позитивни промени!















































