јуни 10, 2026

ТАКТИЧКО – ПОКАЗНА ВЕЖБА

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Неготино со тимот за прва помош зеде учество при изведување на симулациска вежба за заштита и евакуација при пожар.

Вежбата се реализира во соработка со претставници од Дирекција за заштита и спасување Неготино, ТППЕ- Неготино, Доброволното противпожарно друштво “Повардарец“ Неготино и Полициска станица- Неготино а беше симулирана во Општинското основно училиште „Страшо Пинџур„ во Неготино. Екипата за прва помош при ООЦК Неготино уште еднаш ја покажа својата подготвеност за одговор и делување во одредена ситуација.

< врати се назад