јуни 12, 2026

Црвен крст на град Неготино е давател на услугата лична асистенција на лица со попреченост.

Црвениот крст на град Неготино од 2018 година е давател на услугата лична асистенција на лица со попреченост. Покрај услугата, во рамки на Црвениот крст се спроведуваат и лиценцирани обуки за личен асистент на лица со попреченост кои се верифицирани од страна на Центарот за образование на возрасни.

Поддршката се дава во и надвор од домовите на корисниците, во зависност од попреченоста на корисниците, односно, се асистира и пружа поддршка при извршување на домашни активности, помош при оддржување на лична хигиена, облекување, капење, навремено примање на редовната терапија,следење на здраствената состојба на корисниците (мерење на притисок, шеќер и сл.), промена на облека и оддржување на облеката чиста и пеглана, набавка на намирници и лекови, плаќање на комуналии, асистирање при подготовка на топли оброци и напитоци и останати тековни активности.

< врати се назад