јуни 11, 2026

Учествo на Регионалниот натпревар по прва помош

На ден 09.05.2026 година, екипата на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Неготино, составена од ученици од СОУ „Св. Кирил и Методиј„ – Неготино, учествуваше на Регионалниот натпревар по прва помош организиран од страна на Општинската организација на Црвен крст Прилеп.

Преку практични симулации средношколските екипи од повеќе градови ги демонстрираа своите знаења, вештини и подготвеност во укажување на прва помош. Нашите младинци оваа година покажаа солиден успех и испратија силна порака за важноста за знаењето, човечноста и подготвеноста да се помогне кога е најпотребно.

Им честитаме на сите екипи за покажаната хуманост, труд и тимска работа

< врати се назад